Напреден курс за претрес, заплена и конфискување приходи од кривични дела на Интернет

Напреден курс за претрес, заплена и конфискување приходи од кривични дела на Интернет

Target Audience
Judiciary
Training Length
N/A
Delivery mode
Self-paced
Language
Macedonian

Овој курс е наменет да го олесни континуираното образование на заинтересиран судија или обвинител којшто го има завршено основниот курс за истражување, претрес, заплена и конфискување приходи од криминал на Интернет и сака да го продолжи образованието во оваа област. Целта е да се подобри знаењето на заинтересираниот судија или обвинител во однос на правниот и технички контекст релевантен за приходи од криминал на Интернет. Тоа се постигнува преку детално проучување на одбрани теми од интерес во оваа област.

Курсот покрива подетално одбрани теми од следните области:

  • Правните и технички предизвици на истрагите што вклучуваат текови на пари од криминал на Интернет.
  • Практични моменти во прекуграничните истраги.
  • Криминално користење виртуелни валути и ризиците поврзани со нив.

Тоа е проследено со практична работа, и тоа пребарување литература и примери за слушателот.