Специјализиран судски курс за меѓународна соработка
-
Ден 1
Првиот ден од обуката ги вклучува следните сесии:
- Сесија 1 - Вовед во курсот
- Сесија 2- Меѓународна соработка во глобална економија
- Сесија 3 - Преглед на правната основа на меѓународната соработка во врска со сајбер-криминал и електронски докази
- Сесија 4 - Постапки и практики за заемна правна помош
-
403.4 كيلوبايت Powerpoint 2007 presentation
Цели на сесијата
- Да се разбере опфатот (делокругот) и работата на Советот на Европа и Канцеларијата за програма за сајбер-криминал (C-PROC)
- Да се прегледаат структурата и целите на овој курс
- Да се споделат сите грижи или очекувани резултати од курсот
- Да се дискутира за основните концепти што ќе бидат опфатени со курсот
-
13.8 ميغابايت Powerpoint 2007 presentation
Цели на сесијата
- Препознавање на глобалната димензија на интернетот и меѓународната димензија на сајбер-криминалот
- Објаснување на важноста од меѓународна соработка и препознавање на достапните инструменти за меѓународна соработка во областа на сајбер-криминалот
- Идентификување на потребата од многу брзи и ефикасни канали за меѓународна соработка и достапните инструменти, начините на нивното користење, временските рокови и ефективноста
- Опишување на напорите од меѓународните организации во врска со користењето на нови методи за меѓународна соработка
- Дискутирање за Конвенцијата од Будимпешта за сајбер-криминал и идентификување на нејзините општи начела
-
3.0 ميغابايت Powerpoint 2007 presentation
Цели на сесијата
- Потсетување на концептите во врска со сајбер-криминал и електронски докази и релевантните одредби од Конвенцијата од Будимпешта
- Да се разберат различните канали и механизми за формална меѓународна соработка
- Да се дискутира прегледот на Конвенцијата од Будимпешта како водечка алатка за соработка во областа на сајбер-криминалот и електронските докази
- Да се идентификуваат сличностите во различните канали и механизми за меѓународна соработка
- Да се дискутира прегледот на Вториот дополнителен протокол како механизам за овозможување на меѓународна соработка
-
1.8 ميغابايت Powerpoint 2007 presentation
Цели на сесијата
- Подобро разбирање на праксата и постапките на заемна правна помош
- Да се научи за предизвиците на процесот на ЗПП и што/како влијае на ефикасноста на истиот
- Да се научи за инструментите за соработка, стандардите и комуникациските канали
- Да се разбере кои се разните законски барања
- Да се научи за постојните проценки на ЗПП и да се подигне свеста за препораките за тоа како да се подобри процесот
- Да се подобрат знаењата за постојните алатки за поддршка