• Ден 2

    Вториот ден од обуката ги вклучува следните сесии:

    Сесија 5 - Механизми според Конвенцијата од Будимпешта
    Сесија 6 - Неформални методи на меѓународна соработка
    Сесија 7 - Обезбедување електронски докази преку механизмите за меѓународна соработка
    Сесија 8 - Постојни предизвици

    • Цели на сесијата

      • Да се прегледаат општите одредби за меѓународна соработка и заемна помош според Конвенцијата од Будимпешта
      • Да се прегледаат специфичните одредби за меѓународна соработка и заемна помош според Конвенцијата од Будимпешта
      • Да се дискутира за одредбите од Вториот дополнителен протокол на Конвенцијата од Будимпешта
      • Да се разбере како да се користат различни механизми според Конвенцијата од Будимпешта за барање соработка
      • Вовед во различните обрасци за барања за ЗПП
    • Цели на сесијата

      • да се разберат разликите помеѓу формална и неформална заемна правна помош во кривични предмети
      • стекнување на дополнителни информации и знаење за меѓународните организации и мрежи за организираноста на, поставеноста и надлежностите за сајбер-криминал
      • дополнително да се анализира и разбере спроведувањето на член 35 од Конвенцијата за сајбер-криминал на Советот на Европа
      • да се подигне свеста за некои од локалните национални решенија за забранување на сајбер-криминалот и заемната правна помош во врска со тоа
    • Цели на сесијата

      • да се освежи и прошири знаењето за видовите електронски докази типични за барања и размена на заемна правна помош
      • да се прошири знаењето за видовите органи кои се надлежни за учество во заемна правна помош
      • да се разбере разликата помеѓу централниот орган за ЗПП и извршните органи и хибридните системи
      • да се разбере кои се процесните надлежности за ЗПП кај различни органи
      • да се научат можните чекори и варијации на чекори преземени за време на постапката за ЗПП од различни надлежни органи
      • активно да се учествува во анализата на студијата на случај преку примена на претходно стекнатите знаења и вештини
      • да се подобри целокупното знаење за заемна правна помош во врска со постапките за обезбедување електронски докази
    • Цели на сесијата

      • Да се препознаат клучните предизвици поврзани со меѓународната соработка во врска со сајбер-криминалот и електронските докази
      • Да се идентификуваат практичните импликации од клучните предизвици поврзани со меѓународната соработка 
      • Да се истражат можните решенија за предизвиците поврзани со меѓународната соработка