• Ден 1

    Првиот ден од обуката ги вклучува следните сесии:

    • Сесија 1 - Вовед во курсот
    • Сесија 2- Меѓународна соработка во глобална економија
    • Сесија 3 - Преглед на правната основа на меѓународната соработка во врска со сајбер-криминал и електронски докази
    • Сесија 4 - Постапки и практики за заемна правна помош
    • Цели на сесијата

      • Да се разбере опфатот (делокругот) и работата на Советот на Европа и Канцеларијата за програма за сајбер-криминал (C-PROC)
      • Да се прегледаат структурата и целите на овој курс
      • Да се споделат сите грижи или очекувани резултати од курсот
      • Да се дискутира за основните концепти што ќе бидат опфатени со курсот
      •  
    • Цели на сесијата

      • Препознавање на глобалната димензија на интернетот и меѓународната димензија на сајбер-криминалот
      • Објаснување на важноста од меѓународна соработка и препознавање на достапните инструменти за меѓународна соработка во областа на сајбер-криминалот
      • Идентификување на потребата од многу брзи и ефикасни канали за меѓународна соработка и достапните инструменти, начините на нивното користење, временските рокови и ефективноста
      • Опишување на напорите од меѓународните организации во врска со користењето на нови методи за меѓународна соработка
      • Дискутирање за Конвенцијата од Будимпешта за сајбер-криминал и идентификување на нејзините општи начела
    • Цели на сесијата

      • Потсетување на концептите во врска со сајбер-криминал и електронски докази и релевантните одредби од Конвенцијата од Будимпешта
      • Да се разберат различните канали и механизми за формална меѓународна соработка
      • Да се дискутира прегледот на Конвенцијата од Будимпешта како водечка алатка за соработка во областа на сајбер-криминалот и електронските докази
      • Да се идентификуваат сличностите во различните канали и механизми за меѓународна соработка
      • Да се дискутира прегледот на Вториот дополнителен протокол како механизам за овозможување на меѓународна соработка
    • Цели на сесијата

      • Подобро разбирање на праксата и постапките на заемна правна помош
      • Да се научи за предизвиците на процесот на ЗПП и што/како влијае на ефикасноста на истиот
      • Да се научи за инструментите за соработка, стандардите и комуникациските канали
      • Да се разбере кои се разните законски барања
      • Да се научи за постојните проценки на ЗПП и да се подигне свеста за препораките за тоа како да се подобри процесот
      • Да се подобрат знаењата за постојните алатки за поддршка