Обука за органите за спроведување на законот како дел од првата екипа на местото на настанот
-
Ден #1
-
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да разговараат за содржината на Прирачникот за електронски докази на Советот на Европа
- Да ги идентификуваат начелата за постапување со електронски докази
- Да ги објаснат посебните карактеристики на електронските докази
-
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да препознаат кои извори на докази имаат доказна вредност
- Да направат разлика меѓу компјутерските мрежи
- Да ги идентификуваат мрежните уреди
-
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да разговараат за потенцијалните докази и извори на докази на интернет
- Делотворно да ги завршат подготовката и планирањето на претресот и заплената на електронски докази
- Да разговараат за овластувањата и одобрувањата во постапката за претрес и заплена на електронски докази.
- Да разговараат за улогата на надворешните специјализирани вешти лица.
-
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да го објаснат соодветното планирање и подготовка на упад заради претрес на место каде може да се најдат електронски докази.
- Да ги наведат алатките и предметите кои може да се потребни за претрес на место каде може да се најдат електронски докази.
- Да објаснат како би го обезбедиле и документирале местото на кривичниот настан каде се појавуваат електронски докази.
-
18.0 MB Powerpoint presentation
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да ги идентификуваат изворите на електронски докази врз основа на покажаните ситуации
- Да ги опишат стандардните оперативни постапки (СОП) за пакување, пренос и складирање на електронските докази
- Да направат разлика меѓу СОП врз основа на видот на уреди
- Да разговараат за техниките за проверка дали компјутерскиот систем е вклучен или исклучен
- Да ги применат општите упатства за заплена на електронски уреди
-
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да направат разлика меѓу ситуација со уреди на местото на настанот и ситуација на проток на живи податоци
- Да ги дефинираат ги термините „нестабилни податоци“, „преодни податоци“ и „форензичка анализа на живи податоци“
- Да ја објаснат вредноста на нестабилните податоци за истрагите
- Да наведат барем четири вида на податоци кои би се изгубиле без форензичка анализа на живи податоци
- Да спроведат мерки за првична реакција кога се соочуваат со компјутерски систем кој е во функција
- Да ги опишат предизвиците на шифрирањето и можностите на форензичката анализа на живи податоци во ситуација во која има шифрирање
- Да разговараат за предизвиците на различните правни рамки во ситуација во која податоците се чуваат на далечински локации, на пример компјутерско работење во облак
- Да го дефинираат терминот „компјутерско работење во облак“
- Да споредат барем три вида на услуги на компјутерско работење во облак
-
По предавањето на наставната единица слушателите ќе можат:
- Да ги идентификуваат областите опфатени со активностите од претходниот ден кои слушателите ги разбрале
- Да ги идентификуваат областите за кои слушателите треба уште еднаш
- да го поминат материјалот за да го постигнат потребното ниво на знаења
-
По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:
- Да состават оперативен план за претресот
- Да го спроведат претресот
- Да постапуваат со електронски докази
- Да го документираат и обезбедат местото на претресот
- Да ги идентификуваат изворите на електронски докази
- Да состават список на запленетите предмети
- Да состават извештај во зависност од претресот