• Ден #1

    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат: 

      • Да разговараат за содржината на Прирачникот за електронски докази на Советот на Европа
      • Да ги идентификуваат начелата за постапување со електронски докази 
      • Да ги објаснат посебните карактеристики на електронските докази    

       

    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:  

      • Да препознаат кои извори на докази имаат доказна вредност  
      • Да направат разлика меѓу компјутерските мрежи 
      • Да ги идентификуваат мрежните уреди  
    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:  

      • Да разговараат за потенцијалните докази и извори на докази на интернет
      • Делотворно да ги завршат подготовката и планирањето на претресот и заплената на електронски докази
      • Да разговараат за овластувањата и одобрувањата во постапката за претрес и заплена на електронски докази. 
      • Да разговараат за улогата на надворешните специјализирани вешти лица.   
    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:

      • Да го објаснат соодветното планирање и подготовка на упад заради претрес на место каде може да се најдат електронски докази.
      • Да ги наведат алатките и предметите кои може да се потребни за претрес на место каде може да се најдат електронски докази.
      • Да објаснат како би го обезбедиле и документирале местото на кривичниот настан каде се појавуваат електронски докази
    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат: 

      • Да ги идентификуваат изворите на електронски докази врз основа на покажаните ситуации
      • Да ги опишат стандардните оперативни постапки (СОП) за пакување, пренос и складирање на електронските докази
      • Да направат разлика меѓу СОП врз основа на видот на уреди
      • Да разговараат за техниките за проверка дали компјутерскиот систем е вклучен или исклучен
      • Да ги применат општите упатства за заплена на електронски уреди
    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:

      • Да направат разлика меѓу ситуација со уреди на местото на настанот и ситуација на проток на живи податоци
      • Да ги дефинираат ги термините „нестабилни податоци“, „преодни податоци“ и „форензичка анализа на живи податоци“
      • Да ја објаснат вредноста на нестабилните податоци за истрагите 
      • Да наведат барем четири вида на податоци кои би се изгубиле без форензичка анализа на живи податоци
      • Да спроведат мерки за првична реакција кога се соочуваат со компјутерски систем кој е во функција
      • Да ги опишат предизвиците на шифрирањето и можностите на форензичката анализа на живи податоци во ситуација во која има шифрирање
      • Да разговараат за предизвиците на различните правни рамки во ситуација во која податоците се чуваат на далечински локации, на пример компјутерско работење во облак
      • Да го дефинираат терминот „компјутерско работење во облак“
      • Да споредат барем три вида на услуги на компјутерско работење во облак 

       

    • По предавањето на наставната единица слушателите ќе можат:

      • Да ги идентификуваат областите опфатени со активностите од претходниот ден кои слушателите ги разбрале
      • Да ги идентификуваат областите за кои слушателите треба уште еднаш
      • да го поминат материјалот за да го постигнат потребното ниво на знаења

       

    • По предавањето на оваа наставна единица слушателите ќе можат:

      • Да состават оперативен план за претресот
      • Да го спроведат претресот
      • Да постапуваат со електронски докази
      • Да го документираат и обезбедат местото на претресот
      • Да ги идентификуваат изворите на електронски докази 
      • Да состават список на запленетите предмети
      • Да состават извештај во зависност од претресот